• четврток, 04 декември 2025

Тајна дегустација на вино во Кавадарци

Тајна дегустација на вино во Кавадарци

Кавадарци, 6 септември 2025 (МИА) - Тајна дегустација на вино се реализира денеска во паркчето во центарот во Кавадарци, во рамките на традиционалната стопанско - туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“.

Како што појасни претседателот на Советот на Општината, Стојанче Рамов, заинтересираните учесници, имаат можност да освојат награди, проверувајќи го своето познавање на виното.

- Имено, според вкус и мирис, со помош на сетилата, треба да погодат за која сорта на вино се работи. За најдобрите следуваат награди, рече Рамов.

Тој нагласи дека ова за првпат се организира во Кавадарци, со желба да стане традиција.

Заинтересираност има како кај тиквешани, така и кај посетители од странство.

За време на тридневната манифестација, за многубројните настани, се очекуваат илјадници посетители од земјава и надвор од неа. свд/бд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан