• недела, 21 јули 2024

Тајланд планира да го озакони сурогат мајчинството за странски двојки

Тајланд планира да го озакони сурогат мајчинството за странски двојки

Бангкок, 1 март 2024 (МИА) – Тајланд планира измена на законите со што ќе им се овозможи на странските двојки да го користат сурогат мајчинството во земјата, најави претставник на Министерството за здравство, Архон Прадицуван.

- Двојките треба да се венчаат без оглед на полот, а на детето родено од сурогат мајка треба да му се гарантира заштита и права во родната земја на двојката, наведе Архом.

Тој додаде дека на странските двојки ќе им биде дозволено да изберат и да донесат своја сурогат мајка или да користат Тајланѓанка за таа цел, при што процесот ќе биде предмет на разгледување од владина комисија.

Тајланд во 2015 година воведе строги регулативи за контрола на сурогат мајчинството и го забрани процесот за странски двојки. Исто така го забрани и платеното сурогат мајчинство, а тоа останува легално само ако е надгледувано од владина комисија за тајландски двојки или тајландски државјани кои биле во брак со странци најмалку три години и имаат тешкотии да забременат. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан