• петок, 26 јули 2024

Тајван тврди дека австралиски воен брод пловел низ Тајванскиот теснец

Тајван тврди дека австралиски воен брод пловел низ Тајванскиот теснец

Тајпеј, 24 ноември 2023 (МИА) - Тајван утринава соопшти дека австралиски воен брод пловел низ Тајванскиот теснец, тесен воден пат што го одвојува тој демократски уреден остров од Кина.

Бродот, чие име не се наведува, вчера влегол во теснецот и пловел во јужен правец.

Јуан Греам, висок аналитичар во Австралискиот институт за стратешка политика, рече дека австралиската морнарица веќе поминала низ Тајванскиот теснец, но „одлучила да не го објави тоа“.

- Австралиската морнарица минува низ Тајванскиот теснец бидејќи тоа е најкратката рута меѓу Источното и Јужното Кинеско Море. Ова е само користење на меѓународното право на минување низ тој теснец. Тоа не е спорно подрачје на меѓународното право. Кина самата одлучува од тоа да го направи проблем, додаде Греам. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан