• сабота, 21 декември 2024

Тајванскиот парламент го потврди изборот на Срета Тависин за премиер

Тајванскиот парламент го потврди изборот на Срета Тависин за премиер

Бангкок, 22 август 2023 (МИА) – Тајланскиот парламент на денешната седница го потврди изборот на Срета Тависин за нов премиер на земјата, три месеци по изборите на кои владејачките генерали претрпеа пораз. 

Срета Тависин (61), тајкун од опозициското Движење PTP (Pheu Thai), кое е отворено за монархијата и генералите, може да го извлече кралството од повеќемесечната неизвесност.

Новиот премиер најави амбициозен економски план за обнова на земја која стагнира од пандемијата, истакнувајќи ги неговите успеси на чело на гигантот за недвижнини Сансири.

Тајланѓаните на изборите од 14 мај и нанесоа силен пораз на војската, која со Тајланд владее речиси една деценија.

Врховниот суд на Тајланд денеска му одреди притвор на поранешниот лидер Таксин Шинаватра, по неговото враќање во земјата по 15 години егзил.

Шинаватра, 74-годишен милијардер, беше на власт помеѓу 2001 и 2006 година пред да биде соборен со државен удар. Тој ќе мора да помине осум години зад решетки. сд/

фото:Википедија

Остани поврзан