Мицотакис: Грција е посветена на нашето силно стратешко партнерство со САД
- Честитки до новиот американски претседател Доналд Трамп по неговата инаугурација, упати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку платформата Икс и ја изрази посветеноста на Грција на стратешкото партнерство со САД, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 20 јануари 2025 (МИА) – Честитки до новиот американски претседател Доналд Трамп по неговата инаугурација, упати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку платформата Икс и ја изрази посветеноста на Грција на стратешкото партнерство со САД, јави дописничката на МИА од Атина.
- Грција е посветена на нашето силно стратешко партнерство и со нетрпение очекува да работи со вашата администрација за унапредување на безбедноста, стабилноста и заедничкиот просперитет, напиша Мицотакис на Икс.
Преку платформата Икс, честитки до Трамп упати и кипарскиот претседател Никос Христодулидис, кој воедно порача дека Кипар и САД можат многу да постигнат, „тесно соработувајќи за да го подигнат стратешкото партнерство до нови височини, да промовираат регионален мир и стабилност и да ги продлабочат односите ЕУ-САД“. ср/