• вторник, 22 октомври 2024

Тајани предложи конференција за обнова на Појасот Газа

Тајани предложи конференција за обнова на Појасот Газа

Пескара, 22 октомври 2024 (МИА) – Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска на состанокот на министрите за развој на Г7 во Пескара претстави можност за организирање конференција за обнова на Појасот Газа.

- На целото цивилно население, без разлика на националноста, мора да му се помогне и верувам дека можеме да испратиме јасен сигнал, бидејќи со присуство на тројцата главни соговорници, претставници на Израел, Либан и Палестина, кои ќе се сретнат со земјите од Г7, се надевам дека можеме да направиме чекор напред, рече Тајани на маргините на средбата.

Агенцијата Анса вчера објави дека Тајани се сретнал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим и повикал на прекин на огнот во Либан и во Појасот Газа. јт/

Остани поврзан