• недела, 22 декември 2024

Тајани: Одлуката на Шолц за употреба на оружјето на руска територија може да доведе до Трета светска војна

Тајани: Одлуката на Шолц за употреба на оружјето на руска територија може да доведе до Трета светска војна

Рим, 1 јуни 2024 (МИА) – Шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани, денеска предупреди дека одлуката на германскиот канцелар Олаф Шолц да и дозволи на Украина да користи германско оружје во напади на цели на руска територија може да доведе до Трета светска војна.

-Само една мала грешка може да има катастрофални последици Тоа мора да биде јасно, рече Тајани на националната конвенција на млади претприемачи. 

Тој посочи дека Италија не се согласува со изборот на германскиот канцелар и повтори дека Рим ја поддржува Украина, но италијанското оружје нема да се користи врз цели на територијата на Русија, пренесе Анса. 

Тајани го поздрави и планот на американскиот претседател Џо Бајден за примирје во Појасот Газа и додаде дека е важно да се ослободат израелските заложници за што поскоро да се достави помош до палестинското население во енклавата.

Тој нагласи дека Италија сака да ја признае државата Палестина, но прво е неопходно да се воспостават граници и меѓусебно да се признаат Израел и Палестина заради долготраен мир. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан