• понеделник, 23 декември 2024

Тајани го повика Иран на воздржаност

Тајани го повика Иран на воздржаност

Рим, 12 април 2024 (МИА) - Шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани телефонски разговараше со неговиот ирански колега Хосеин Амир Абдолахиан во контекст на обновените тензии на Блискиот Исток по нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск, повикувајќи на воздржаност во одговорот на Техеран против Израел за убиството на иранските офицери, пренесува АНСА.

Во разговорот, Тајани упати „силен апел“ до Иран на воздржаност, нагласувајќи дека одмаздата против Израел ќе предизвика контрареакција од еврејската држава.

А тоа може да предизвика уште поширок и поопасен конфликт за сите земји во регионот.

Италија го повикува Иран да работи во спротивна насока за намалување на тензиите и враќање на политичките дискусии, пренесува италијанската агенција Анса. ссм/

фото: архива

Остани поврзан