Тасулас од Тирана: Се наоѓаме во ера на големи геополитички промени
- Сигурен сум дека плодниот дијалог и предлозите што ќе бидат слушнати ќе придонесат за продлабочување на соработката и промовирање на мирот во корист на сите земји од Европа и нејзините граѓани, порача грчкиот претседател Константинос Тасулас при пристигнувањето на шестиот Самит на Европската политичка заедница, што се одржува во Тирана, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 16 мај 2025 (МИА) – Сигурен сум дека плодниот дијалог и предлозите што ќе бидат слушнати ќе придонесат за продлабочување на соработката и промовирање на мирот во корист на сите земји од Европа и нејзините граѓани, порача грчкиот претседател Константинос Тасулас при пристигнувањето на шестиот Самит на Европската политичка заедница, што се одржува во Тирана, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на Грција посочи дека Самитот се одржува во критичен меѓународен момент поради развојот на настаните во украинското прашање, ни и поради прашањата поврзани со европската одбрана и објасни дека во Тирана ќе се разговара за „европската безбедност и стабилност, зајакнувањето на демократските институции и владеењето на правото, колективниот одговор на прашањето за миграцијата и подобрувањето на конкурентноста во Европа“.
- Се наоѓаме во ера на големи геополитички промени и превирања. Европската Унија ги зајакнува одбраната и нејзината стратешка автономија, настојувајќи да формира, по безбедносните прашања, заеднички став со земјите кои се во хармонија со заедничката надворешна и одбранбена политика на Унијата и ги прифаќаат европските вредности на демократијата, владеењето на правото и човековите права. Овие прашања ќе бидат во фокусот на нашите дискусии овде, на шестиот самит, порача Тасулас
Претседателот на Грција, како што информираа од неговиот кабинет, на маргините на Самитот ќе оствари и билатерални средби. ср/
Фото: Кабинет на грчкиот претседател