• сабота, 27 април 2024

Таравари: Ќе најдеме начин да се институционализира здружението на Албанци кои се академици

Таравари: Ќе најдеме начин да се институционализира здружението на Албанци кои се академици

Тетово, 12 април 2024 (МИА) - Кандидатот за претседател на коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари и претседателот на Движењето Беса, Билал Касами одржаа средба со членовите на Здружението Албанска академија на науките и уметност во Тетово. Претседателскиот кандидат Таравари по средбата истакна дека се разговарало за можностите ова здружение да биде институционализирано.

- Здружението на академиците Албанци од Македонија функционира повеќе од две години. Една иницијатива којашто е многу добра и може да придонесе генерално за развој на науката во Македонија. Тетовскиот универзитет пред 25 години беше утопија, меѓутоа денес е реалност, јас се надевам, ова здружение, ние како здружена албанска опозиција „Вреди“ ќе најдеме начин да се институционализира. И да стане или Институт или Академија за науки и уметност на Албанците во Република Северна Македонија. Или да изнајдеме решение некако да биде како сектор во актуелната Академија на науки и уметности на Македонија. За сите опции ќе разговараме и се надевам ќе најдеме решение, ова здружение да биде да биде институционализирано така како треба, истакна Таравари.

На новинарско прашање дали поделбата по етничка основа значи паралелна институција, Таравари со одговор дека треба да има повеќе институции за развој на државата.

- И за здружение на лекари на Македонија-Албанци кога покоен Агим Рамадани ја почна таа иницијатива 93-94 се мислеше како паралелизам. Меѓутоа тоа денес е реалност во Македонија. И за Тетовскиот универзитет се велеше не треба многу универзитети, меѓутоа во Македонија има три албански универзитети и таму се едуцираат и Турци, и Македонци и Албанци. Академиите се богатство за државата. Не се паралелизми, јас мислам што повеќе да имаме академии на науки. Оти не се прави политика во Академии на науки туку се има проекти кои се за науката, а нас ни треба што повеќе наука. Што повеќе да имаме научни институции во државата подобро е за развој на нашата држава, посочи Таравари.

Претседателот на здружението, Хасан Јашари истакна дека бараат јавен простор и јавни финансии за научно истражувачка работа и финансии.

- Ние сме регистрирани како здружение на академици Албанци, луѓе кои се школувале тука кои работеле тука цел век, не сме политичка организација и ние се занимаваме со наука и уметност и ние сакаме да имаме јавни овластувања како јавна институција во сферата на албанологијата, културата и посебностите на Албанците кои се загарантирани со амандманот 11 од Уставот на РСМ. Бараме јавни финансии и како јавен интерес за Албанците во РСМ. Јас сум конкурирал два пати во МАНУ и ме одбивале поради технички работи и мислам дека во понатамошните контакти со Владата и со парламентот, со политички фактори треба да да најдеме решение, да добиеме овластување како јавна установа со седиште во Скопје, а отворени сме за разговор со МАНУ да бидеме дел, рече Јашари.ас/са/

Фото: МИА 

Остани поврзан