• среда, 15 мај 2024

Таравари на средба со специјалниот пратеник Сарацин и амбасадорката Холштајн

Таравари на средба со специјалниот пратеник Сарацин и амбасадорката Холштајн
Скопје, 26 октомври 2022
Претседателот на АА Арбен Таравари денеска оствари средба со Мануел Сарацин - специјален пратеник на германската Влада за земјите од Западен Балкан и со германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн.
На средбата се разговараше за актуелната политичка, економска и енергетска состојба, како и за евроинтегративниот процес на земјава во Европската Унија.
„Денеска се сретнав со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин и со германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн, при што разговаравме за процесите низ кои минува земјата и за предизвиците кои не очекуваат во наредниот период. Заблагодарувајќи се за безрезервната поддршка што Германија ја дава на нашата земја и граѓаните, ја искажавме и заложбата на Алијансата за Албанците да го истуркаат до крај започнатиот пат кон ЕУ  и западните вредности, заедно со меѓународните пријатели. Како што сме докажале во последните клучни случаи, германските дипломати ги запознавме дека остануваме сериозно ангажирани во интегративниот и реформскиот процес, за кој што пред се имаат потреба граѓаните на нашата земја“, пишува Таравари на социјалните мрежи.
Соговорниците се договорија за унапредување и интензивирање на соработката, а Таравари се заблагодари за поддршката од Сојузна Република Германија.
Алијанса за Албанците
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан