• понеделник, 20 мај 2024

Талибанците го зазедоа главниот граничен премин помеѓу Авганистан и Таџакистан

Талибанците го зазедоа главниот граничен премин помеѓу Авганистан и Таџакистан
Кабул, 22 јуни 2021 (МИА) - Талибанците денеска ја презедоа контролата над граничниот премин помеѓу Авганистан и Таџакистан, како и над областите коиводат до градот Кундуз. Талибанците го зазедоа преминот Шри Кан, што го поврзува Авганистан со централна Азија, а е лоциран на 50 километри северно од Кундуз. Од 1 мај десетина окрузи се под контрола на талибанците откако почна повлекувањето на американските и војниците од земјите-членки на НАТО од Авганистан. ми/

Остани поврзан