• недела, 22 декември 2024

Талевски за синоќешниот инциден под Калето: Да дозволиме институциите да си ја завршат работата, случајот не треба да има политички момент

Талевски за синоќешниот инциден под Калето: Да дозволиме институциите да си ја завршат работата, случајот не треба да има политички момент

Скопје, 7 март 2023 (МИА) - Мојот апел е да им веруваме на институциите, на МВР и на Обвинителството, и да дозволиме да ја завршат сопствената работа. Сето она што се случува не треба да има каков било политички момент, порача на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, одговорајќи на прашањето во врска со синоќешниот вооружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија во Скопје.

Тој напомена оти очекува МВР во најбрз временски период да даде точна информација за се она што се случувало и дека во најбрз период ќе биде расчистен случајот.

- Знаеме дека имаме првични соопштенија од страна на МВР дека се преземени сите оперативно технички активности и мерки кои се во нивната надлежност. Јас, како претседател на Комисијата за одбрана и безбедност, сум задоволен од работата на министерот Оливер Спасовски. Анализите покажуваат дека имаме подобрување на откривачката дејност во делот на криминалистичката полиција, односно во делот на криминалистичко откривање и докување на кривилните дела. Во споредба со претходната година, во јануари и февруари, во последниве два месеци имаме намалување на процентот на сторени кривични дела. Да им дадеме доверба на институциите да си ја завршат сопствената работа, со оглед на тоа дека она кое се случува не треба да има каков било политички момент, додаде Талевски. бт/сп/

Фото/ МИА

 

Остани поврзан