• недела, 22 декември 2024

Таеквондистката Рељиќ освои сребро на Г1 Опен од светската класа

Таеквондистката Рељиќ освои сребро на Г1 Опен од светската класа

Талин, 28 август 2023 (МИА) – Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ освои нови поени во битката за обезбедување олимписка норма за Игрите 2024 во Париз, откако имаше забележителен настап на во Талин на Г1 турнирот од светската класа.

Рељиќ го освои сребрениот медал со ефект од три победи и еден пораз.

Во воведните две кола македонската таеквондистка беше поуспешна од Вилхемила Хаинонен од Финска (2-0 во рунди) и од Германката Лаура Гебер (2-1), а во полуфиналето триумфираше над Каролине Гјелсвик од Норвешка со 2-0.

Во финалната борба Рељиќ беше поразена од Бразилката Каролине Сантос со 2-0.

За Рељиќ ова е четврти медал годинава на најсилните Г турнири од светската класа и нови поени за олимписката ранкинг листа. ег/лв/

ФОТО: МОК

Остани поврзан