• петок, 22 ноември 2024

Сунак во посета на Украина, најави речиси три милијарди евра воена помош

Сунак во посета на Украина, најави речиси три милијарди евра воена помош

Киев, 12 јануари 2024 (МИА) - Британскиот премиер Риши Сунак замина во ненадејна посета на Украина, каде што ќе има средба со украинскиот колега Володимир Зеленски, бидејќи Обединетото Кралство најави дека ќе обезбеди речиси 3 милијарди евра воена помош за таа земја во текот на следната година, пишува Гардијан.

Како што е наведено, Зеленски ги притиска западните сојузници да и дадат поголема поддршка на земјата во нејзината борба против руската агресија, имајќи предвид дека интересот за војната во Европа се намалува како што конфликтот се одолговлекува. Кризата на Блискиот Исток и војната во Газа, исто така, го оттргнаа глобалното внимание од руско-украинскиот конфликт.

Премиерот Сунак ја истакна континуираната поддршка на Обединетото Кралство за Киев пред состанокот со Зеленски, кој доаѓа неколку часа откако силите на Обединетото Кралство и САД започнаа напади против Хутите во Јемен.

„Две години Украина се бореше со голема храброст да ја одбие бруталната руска инвазија. Тие се уште се борат, непоколебливи во решителноста да ја бранат својата земја и да ги бранат принципите на слободата и демократијата. Денеска сум овде со една порака: Обединетото Кралство нема да се поколеба. Ќе застанеме покрај Украина, во нејзините најмрачни времиња и во подобрите времиња што доаѓаат“, рече Сунак.

Инаку, Сунак ја посети Украина за првпат во ноември 2022 година, само неколку недели откако стана премиер. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан