• недела, 22 декември 2024

Суд во Москва го уапси шефот на украинското воено разузнавање Буданов

Суд во Москва го уапси шефот на украинското воено разузнавање Буданов

Москва, 25 декември 2023 (МИА) - Судот Басман во Москва, на барање на истрагата, во отсуство, го уапси шефот на Главната разузнавачка управа (ГУР) на Министерството за одбрана на Украина, Кирило Буданов. Тој, како што соопшти прес-службата на судот, е обвинет за тероризам. 

Превентивната мерка за Буданов е одредена на два месеца од моментот на екстрадиција во Руската Федерација или притвор на територијата на Русија, пренесуваат руските медиуми.

Според судот, Истражниот комитет на Русија го товари Буданов за 104 терористички напади врз основа на член 205 од Кривичниот законик на Руската Федерација.

Претходно, руските официјални лица постојано укажуваа на вмешаноста на украинските специјални служби, вклучително и Главната управа за разузнавање, во извршување на терористички напади на руска територија.

Според шефот на Истражниот комитет, Александар Бастрикин, Буданов ја наредил експлозијата на мостот на Крим во октомври 2022 година. мс/

 

Остани поврзан