• четврток, 12 декември 2024

Судско медиумскиот совет на регионална конференција за унапредување на транспарентноста на судската власт

Судско медиумскиот совет на регионална конференција за унапредување на транспарентноста на судската власт

Охрид, 6 декември 2024 (МИА) - Судско медиумскиот совет учествува на регионална конференција за унапредување на довербата и авторитетот на судската власт преку поголема независност и транспарентност, во Охрид, во организација на Здружението на судии.

Членовите на Судско медиумскиот совет, новинарите Елена Ивановска Мукоска од ТВ Телма, Александар Атанасов од МИА и Зоран Јаневски од ТВ Сител говореа за сите досегашни проекти и можност за идна соработка при што ги истакнаа Упатството за снимање и фотографирање во судница, обуките за новинари и судии, советодавните мислења за унапредување на транспарентноста и за исклучување на јавноста од судница, како и за искуствата од студските посети на судовите и обвинителствата во Бостон и Сиетл.
 
Анализа во врска со формирањето и досегашната работа на Судско медиумскиот совет во насока на поголема соработка меѓу судиите и новинарите, презентираше Жарко Алексов од Центар за правни истражувања и анализи.
 
Судско медиумскиот совет е составен од 15 членови, и тоа осум новинари и седум од редот на судиите.

Судии од земјава и регионот, професори, правници и преставници од невладиниот сектор во изминатите два дена учествуваа на осмата регионална конференција на тема „Унапредување на довербата и авторитетот на судската власт преку поголема независност и транспарентност“, што се одржува во Охрид, во организација на Здружениеот на судии, во соработка со Амбасдата на САД и ЦЕЕЛИ институтот во Прага. аа/лв/
 
Фото: МИА

Остани поврзан