• петок, 22 ноември 2024

Судскиот совет го реизбра Хасан Асани за претседател на Основен суд Тетово 

Судскиот совет го реизбра Хасан Асани за претседател на Основен суд Тетово 

Скопје, 29 март 2023 (МИА) - Судскиот совет на денешната 436-та седница го реизбра судијата Хасан Асани за претседател на Основниот суд Тетово. 

Судијата Хасан Асани, кој доаѓа од Основниот суд Тетово, беше избран со 9 гласа „за“ и три против. 

На огласот, иако биле пријавени тројца кандидати, само Асани доставил комплетна документација. 

Судскиот совет, претходно на денешната седница избра и двајца судии во Врховниот суд и двајца судии во Апелационен суд Гостивар. аа/мс/

фото/МИА архива

Остани поврзан