• петок, 22 ноември 2024

Судскиот буџетски совет и ЈО: Не смее да има кратење на средствата за судската власт и за обвинителството

Судскиот буџетски совет и ЈО: Не смее да има кратење на средствата за судската власт и за обвинителството

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Претставниците на Судскиот буџетски совет и на државното Јавно обвинителство Силвија Јаневска и Љубомир Коцевски едногласни дека не смее да има кратење на средствата наменети за судската власт и за обвинителството, бидејќи тоа ќе влијае на нивната автономија и на квалитетот и ефикасноста на правдата.

Силвија Јаневска изнесувајќи ги забелешките на Предлог ребалансот на буџетот од страна на Судскиот буџетски совет на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет истакна дека иако согласно законските одредби буџетот за судската власт треба да изнесува 0,8 отсто, таа години наназад е 0,3 отсто од БДП и тоа не е проблеми во смисла на немање основни услови во работењето. Дека судската власт не го добива предвидениот буџет редовно известува и Државниот завод за ревизија во годишните извешати, дополнително согласно Законот за судски буџет при евентуален ребаланс на буџетот, буџетот за судската власт не смее да се намали што не е случај со предложениот ребаланс за 2024 госина

-Буџетот на судската власт со предлог ребалансот е намален за 65.661.000 денари, рече Јаневска.

Таа посочи дека намалувањето во најголем дел се однесува на капиталните расходи односно за градежни објекти и за купување опрема, мебел и возила, кои се реализираат за време на судската ферија, поради што дел од планираните зафати нема да се реалзираат како што е реконструкција на шалтер салата во Основниот граѓански суд во Скопје. Јаневска, меѓу другото кажа дека доставата на судските писма е важна алка за судските процеси, па загрижува што ЈП Пошти двојни ги зголемиле цените, а посочи и дека особено загрижува што не се обезбедени средста за исплата на додатоци на плати на вработените во судската власт што е, вели, законска оврска.

-Во преходниот период се обезбедуваа додатоци на плата најчесто во висина од 10 проценти. Ова се додатоци само за администрацијата, па необезбедувањето на средствата за додатоци ќе има сериозен негативен ефект кај вработените. Со состојба од 30. 6 2024 г.  во судската власт се вработени 2650 лица од кои 373 судии, 97 слушатели во почетна обука за судии и јавни обвинители. Дополнително истакнуваме дека согласно заклучокот на Владата запрени се постапките за вработување за кои МФ веќе имаше дадено согласност, а состојбата со пополнетоста на потребните човечки ресурси не ги задоволува потребите на голем број од судовите. Накратко ова се основните предуслови кои треба да бидат обезбедени, бидејќи со необезбедување на истите последиците за судската власт огромни. Се надеваме дека Комисијата за финансирање и буџет и законодавната власт ќе ги имаат предвид овие забелешки и фактите кои ги истакнавме и дека ќе се изврши корекција на дадениот Предлог ребаланс, за да се обезбедат минимално потребните средства за судската власт како и продолжување на започнатите постапки, односно активности во смисла на обезбедување на потребни услови за работа на судовите, во спротивно Судскиот буџетски совет смета дека целото судство ќе се соочи со неефикасност, вели Јаневска.

Во таа насока Судскиот буџетски совет, рече таа, укажува и на забелешката на ЕК нотирана во Извештајот за владеење на правото дека ограничените финансиски средства доделени на судството можат да влијаат на нивната автономија, а дефицитот на човечки ресурси може да влијае и на квалитетот и ефикасноста на правдата.

На седницата на собраниската Комсија за финансирање и буџет се обрати и јавниот обвинител на РСМ Љупчо Коцевски, кој ја пренесе оценката на Колегиумот на јавните обвинители, според која со Предлог ребалансот на буџетот основните средства за обвинителствата се намалуваат за повеќе од еден милион денари, со што се доведува во прашање редовната работа на јавните обвинителства, особено со оглед дека намалување на средства се предлага во речиси сите ставки, вклучувајќи ги и парите предвидени за истражни дејствија, а вештачења и анализи, за одржување на возила потребни за увид и слично.  

-ЈО е одговорен орган кој нема ненаменски трошења на буџетските средства и апсолутно го почитува начелото на економичност при сите набавки и трошења. И покрај тоа Обвителството не ги добива законски предвидените средства неопходни за функционирање и тоа редовно се потенцира во секој годишен извештај за работата што го доставуваме до надлежните институции. Истото е нагласено и во Извештајот на ДЗР при ревизијата на уогласеност на основниот буџет за 2023 година. За споредба би сакал да кажам дека во целиот регион не постои држава која помалку вложува во Обинителството од нашата. Албанија за Обвинителството одвојува 33 милиони евра или 0,45 отсто од вкупниот буџет, Црна Гора 12,6 милиони евра а тоа е 0,36 процентуален удел, Србија 78,8 милиони евра или 0,41 отсто од БДП, Косово 0,52 отсто од БПД, Бугарија издвојува 227,8 милиони евра или 1,80 отсто удел од БДП. Македонија со ребалансот издвојува 0,22 отсто. Значи секаде во регионот уделот на обвинителствата во вкупниот буџет расте, додека кај нас се намалува, рече Коцевски.

Тој исто така укажа на констатациите и во најновиот извештај за владеење на правото на ЕК, во кој прв пат се вклучени и земјите кандидати дека кратење на средствата наменети за судската власт и за обвинителството може да влијае на нивната финансиска независност, а дефицитот на човечки ресурси на квалитетот и ефикасноста на правдата.

Коцевски додаде и дека откако ја презел функцијата 150 000 евра има заштедено во однос на предвидените средства. Тој укажа и дека за обвинителката Ленче Ристовска со буџетот не биле предвидени средства за нејзино заминување во Хаг, па иако имало договор со ребалансот да му бидат дополнети на Обвинителството тие средства, за таа да замине за Хаг од 1 септември, сега вели, таа ни тогаш нема да може да замине со оглед дека со ребалансот не се предвидени никакви средства.

Јавниот обвинител рече дека посебно треба да се обрне внимание за нужните трошоци што ЈО треба да ги има, а тоа се вештачењата, веќе го поништил тендерот за набавка на 100 компјутери и тендерската документација ја преполовиле на 50 компјутери.

-Обвинителството е многу штедливо, но без вакви средства навистина ќе се загрози и работата, рече Коцевски.
  
Според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, измените на Буџетот се насочени кон ревидирање на иницијалните фискални проекции во согласност со макроекономските движења во првата половина од годината, реструктуирање на буџетските расходи за сервисирање на најприоритетните обврски, како и оптимизирање на изворите на финансирање на буџетскиот дефицит. Со него се обезбедени пари за исплата на плати, за најавеното зголемување на пензиите кое ќе оди во две фази, како и за сите законски обврски што произлегуваат од Буџетот. вг/ац/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан