• четврток, 02 јануари 2025

Судот го одби барањето на Нетанјаху за одложување на сведочењето за корупција

Судот го одби барањето на Нетанјаху за одложување на сведочењето за корупција

Тел Авив, 14 ноември 2024 (МИА) – Окружниот суд во Ерусалим го одби барањето на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху за одложување на неговото сведочење на судењето за корупција.

Во образложението на судот се наведува дека нема оправдана причина за понатамошно пролонгирање на сведочењето на Нетанјаху, а неговите адвокати имале доволно време да се подготват. Сведочењето на израелскиот премиер е закажано на 2 декември.

Адвокатскиот тим на Нетанјаху побара пролонгирање на сведочењето за десет недели бидејќи премиерот не можел да се подготви за сведочењето поради војните во Појасот Газа и во Либан.

Канцеларијата на државниот обвинител соопшти дека е против барањето на Нетанјаху бидејќи премиерот не може да го „диктира распоредот“ на судење.

Нетанјаху во јануари 2020 година е обвинет за измама и нарушување на довербата во два случаи, и за поткуп, измама и нарушување на довербата во трет случај, а судењето почна во мај истата година. Израелскиот премиер ги негираше обвинувањата. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан