• недела, 22 декември 2024

Судир помеѓу десничарите и левичарите во Портланд

Судир помеѓу десничарите и левичарите во Портланд
Вашингтон, 23 август 2021 (МИА) - Најмалку едно лице е уапсено по вчерашните насилни протести во американскиот град Портланд, кога се судрија припадниците на десничарски и левичарски групи. На протестите беше употребено и огнено оржје од страна на демонстрантите, но никој не е повреден. Во Портланд од минатата година чести се судирите помеѓу политичките екстремисти. Вчерашните протести се одржаа по повод годишнината од насилниот конфликт помеѓу десничарските и левичарските групи во центарот на Портланд, што се одржаа како дел од серијата улични демонстрации по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд на 25 мај минатата година од страна на полицаец. Тие судири резултираа со убиство на десничарскиот демонстрант, 39-годишниот Арон Даниелсон, на 29 август минатата година. ми/

Остани поврзан