• понеделник, 23 декември 2024

Судански групи за човекови права: РСФ затворија повеќе од 5.000 луѓе во нехумани услови

Судански групи за човекови права: РСФ затворија повеќе од 5.000 луѓе во нехумани услови

Картум, 14 јули 2023 (МИА) - Суданските групи за човекови права имаат докази дека Суданските паравоени сили за брза поддршка (РСФ) привеле повеќе од 5.000 луѓе во главниот град и ги држат во нехумани услови, изјавија денеска групите за британските медиуми.

РСФ се бори против суданската Армија веќе три месеци и воспостави доминација над Картум. Жителите ги обвинија овие сили за ограбување и окупирање на домови. Силите за брза поддршка кажаа дека извештаите се неточни и дека држеле само воени заробеници кон кои рекле дека се однесуваат добро.

-Меѓу приведените на неколку локации во Картум има борци, но и 3.500 цивили, меѓу кои жени и странски државјани, соопштија организациите, кои побараа нивните имиња да останат анонимни поради страв од одмазда.

Организациите соопштија дека ќе им претстават на Обединетите нации документација за смртни случаи од тортура, како и случаи на „понижување, нехумани услови на притвор лишени од човечко достоинство и основни животни потреби“.

Канцеларијата за човекови права на ОН вчера соопшти дека најмалку 87 луѓе биле закопани во масовна гробница во градот Ел Генеина во регионот Дарфур, обвинувајќи ги РСФ и милициите поврзани со нив за убиствата, што паравоените сили го негираа. Подоцна, Меѓународниот кривичен суд рече дека ќе ги истражи убиствата во регионот. мс/

фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан