Во ОАЕ уапсени 45 лица поради ширење лажни информации за конфликтот на Блискиот Исток
- Полицијата на Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) соопшти дека уапсила 45 лица кои дистрибуирале лажни информации и видеа за конфликтот на Блиски Исток
Абу Даби, 14 март 2026 (МИА) – Полицијата на Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) соопшти дека уапсила 45 лица кои дистрибуирале лажни информации и видеа за конфликтот на Блиски Исток.
Помеѓу уапсени има и странски државјани. Уапсените се товарат за „снимање на разни локации за време на тековните настани и нивно објавување на социјалните мрежи“.
Тие се осомничени и за „ширење неточни информации што би можеле да влијаат на јавното мислење и да шират гласини, се наведува во полициското соопштение. ми/
фото: Пиксабеј