ИДФ ги повика Иранците да се евакуираат од делови на Трабиз
- За вашата безбедност и здравје ве повикуваме под итно да ја напуштите зоната, објави израелската армија на платформата Икс
Ерусалим, 14 март 2026 (МИА) – Израелската армија денеска ги повика жителите во индустриската зона во градот Трабиз, северен Иран, да се евакуираат поради претстојните воени операции.
- За вашата безбедност и здравје ве повикуваме под итно да ја напуштите зоната, објави израелската армија на платформата Икс.
Но, предупредувањето нема да стигне до Иранците бидејќи интернетот во земјата е блокиран веќе две недели. ми/
фото: МИА архива