• петок, 26 април 2024

Суданската војска и продемократските сили се согласија да почнат транзиција кон цивилно владеење на 11 април

Суданската војска и продемократските сили се согласија да почнат транзиција кон цивилно владеење на 11 април

Картум, 20 март 2023 (МИА) - Воените лидери на Судан и подемократските сили ветија дека ќе започнат со формирање на преодна влада предводена од цивили на 11 април, изјави портпаролот на двете страни, Калид Омар. На прес-конференцијата Омар рече дека конечниот политички договор, првпат постигнат во декември, ќе биде потпишан на 1 април.

Новиот преоден устав ќе биде потпишан неколку дена подоцна, додаде тој.

Судан западна во хаос откако воениот удар предводен од генералот Абдел Фатах ал-Бурхан ја собори владата поддржана од Западот во октомври 2021 година и го смени курсот на краткотрајната транзиција кон демократија. Тоа доаѓа повеќе од две години по бунтот со кој беше соборен Омар Башир и неговата исламистичка влада.

„Ќе започнеме со формирање на институциите на преодните власти на 11 април“, најави Калид Омар.

Комитетот составен од 11 членови - 9 продемократски водачи, еден претставник на армијата и една од најголемата вооружена група, Силите за брза поддршка - има задача да го подготви конечниот договор. Сепак, некои клучни политички играчи - од поранешни бунтовници до локални продемократски мрежи - остануваат против договорот. Враќањето на демократијата во Судан најверојатно ќе доведе до нов бран финансиска поддршка за таа африканска земја. зш/

Остани поврзан