• понеделник, 25 ноември 2024

Стуб за Си-Ен-Ен: Нема услови за преговори со Русија, единствениот начин да се постигне мир е преку борба

Стуб за Си-Ен-Ен: Нема услови за преговори со Русија, единствениот начин да се постигне мир е преку борба

Хелсинки, 8 април 2024 (МИА) – Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека воената акција е единствениот начин за постигнување мир во Украина и оти нема услови за преговори со Русија.

- Во конкретниот случај, единствениот начин да се постигне мир е борба, рече Стуб во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој истакна дека постигнувањето мир е двонасочен процес. Според него, неопходно е двете страни „да ги вкрстат патиштата во некоја фаза, кога ќе се создадат услови“. Стуб изјави дека не знае кога ќе се појават неопходните услови за тоа.

- Во моментов немаме никаков политички дијалог со Русија. И мислам дека не можеме ниту треба да го водиме, заклучи финскиот претседател. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан