Струшкиот Црвен крст објави конкурс за обука на спасители на отворени води
- Општинската организација на Црвен крст – Струга денеска објави конкурс за обука на спасители за капалиштата со отворени води.
Струга, 7 јуни 2023 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст – Струга денеска објави конкурс за обука на спасители за капалиштата со отворени води.
Право за пријавување, според информацијата на струшкиот Црвен крст, имаат психофизички способни лица на возраст од 17 години.
Пријавувањето ќе трае до 16 јуни годинава, а кандидатите ќе се стекнат со Национална лиценца за спасител на отвирени води.
Заинтересираните кандидати може да се пријават во просториите на Црвен крст - Струга, на телефон 071398424 или на имеил struga@redcross.org.mk. сс/дма/
Фото: МИА архива