• четврток, 26 март 2026

Струшка нефрологија доби донација од медицинска опрема и помагала од здружението LetzCare

Струшка нефрологија доби донација од медицинска опрема и помагала од здружението LetzCare

Струга, 22 мај 2025 (МИА) - Специјалната болница за нефрологија Струга доби донација од медицинска опрема и помагала од хуманитарното здружение LetzCare.

Донацијата, како што информира директорот Јетмир Зиба, се состои од 10 инвалидски колички, 15 ролатори (помагала за одење), два болнички кревети, 10 концентратори за кислород, три столици за туширање, 15 компјутери, фиокар, држач за инфузија, компресивни завои, стерилни гази, хируршки маски, дезинфекциски материјали, ракавици за еднократна употреба...

- Соработката со здружение LetzCare е доказ за нашата посветеност кон подобрување на условите за третман и благосостојбата на пациентите. Претставува јасен показател дека сигурно и брзо се движиме кон унапредување на квалитетот на здравствените услуги, вели Зиба.

Изрази до здружението LetzCare за соработката, која е резултат на неодамна потпишаниот меморандум и до транспортната компанија „I Kompani“ која го овозможила транспортот на донацијата. сс/цр

Фото: ЈЗУ Специјалната болница за нефрологија Струга

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан