• сабота, 11 мај 2024

Струмичкото обвинителство обвини 41 лице за непочитување на полицискиот час

Струмичкото обвинителство обвини 41 лице за непочитување на полицискиот час
Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) - Основното јавно обвинителство Струмица до Основниот суд Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози против 41 лице за сторено кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира Јавното обвинителство, за секој од обвинетите е предложено судот да изрече парична казна во висина од по 50 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 10 евра во денарска противвредност. -Обвинетите во одделни кривично правни настани, не ги почитувале одлуките и мерките на Владата со кои се забранува движење на населението на територијата на државата, соопшти Јавното обвинителство.бт/дма/

Остани поврзан