• понеделник, 23 декември 2024

Струмички „Комуналец“ апелира до граѓаните да не фрлаат пепел во полуподземните контејнери и да не го оставаат сметот до нив

Струмички „Комуналец“ апелира до граѓаните да не фрлаат пепел во полуподземните контејнери и да не го оставаат сметот до нив

Струмица, 27 декември 2023 (МИА) - Струмичкото комунално претпријатие апелира до граѓаните да не фрлат пепел во штотуку поставените полуподземни контејнери, туку тоа да го прават во садовите поставени до нив и да не го оставаат отпадот до контејнерите.

Оваа рекација од ЈПКД „Комуналец“ доаѓа по поставувањето на полуподзмените контејнери со голем капацитет на шест локации во градот и грдата слика која се созадава околу нив.

-Некои наши сограѓани пак ја покажаа својата некултура и несовесност, негрижа за животната средина со фрлање на смет околу контејнерите и во садовите наменети за пепел. Да потенцираме дека сметот се фрла внатре во контејнерите, а не се остава до нив. Затоа, известуваме дека Општинската Комунална инспекција интензивно ќе биде присутна на терен и секое оставање на смет надвор од контејнерите ќе биде евидентирано и ке бидат поднесени пријави против истите, соопштија денеска од „Комуналец“.

Инаку, поставените полуподземни контејнери се ставени во функција на шест локации во градот и се празнат со специјален камион, а од комуналното претпријатие им укажуваат на граѓаните да не ги паркираат возилата до контејнерите, бидејќи се онезвозможува подигање на отпадот од камионот со дигалка.рт/дма/

Фото: ЈПКД „Комуналец“

Остани поврзан