Струмичките пожарникари за два дена гаснеле седум пожари на отворено
- Во изминатите два дена ТППЕ Струмица гаснела седум пожари на отворено на исто толку различни локации, а според информацијата оттаму речиси сите пожари биле предизвикани од човечки фактор.
Струмица, 1 јули 2025 (МИА) - Во изминатите два дена ТППЕ Струмица гаснела седум пожари на отворено на исто толку различни локации, а според информацијата оттаму речиси сите пожари биле предизвикани од човечки фактор.
Пожарникарите гаснеле депонии во селата Банско, Дражево и на улицата „Ристо Ќурчиев“ во Струмица, електричен столб во село Пиперево и сува трева и ѓубре во селата Добрашинци и Сарај.
Од ТППЕ Струмица апелираат до граѓаните дека секое неконтролирано палење на растителен и друг отпад може многу лесно да предизвика големи материјални штети и загрозување на човечки животи.рт/бт/
Фото: МИА архива