• недела, 30 јуни 2024

Струга домаќин на сениорското шаховско првенство во машка и женска конкуренција

Струга домаќин на сениорското шаховско првенство во машка и женска конкуренција

Скопје, 11 октомври 2022 (МИА) – Во организација на Шаховската федерација на Македонија од 14 до 20 овој месец во хотелот „Дрим“ во Струга ќе се одржат првите сениорски лиги во машка и женска конкуренција.

Во двете конкуренции се пријавени по осум екипи.

Составот на машката лига го сочинуваат екипите Алкалоид (Скопје), Гамбит Ассеко СЕЕ (Скопје), Прилеп. Гостивар, Стево Патако (Битола), Куманово, Фишер (Куманово) и Ан Пасан од Шишковица.

Во женска конкуренција се пријавени екипите Центар (Скопје), Гамбит Ассеко СЕЕ (Скопје), Куманово, Гостивар, Неготино, Стево Патако (Битола) и Карпош (Скопје). ег/зс/

Тагови

Остани поврзан