• недела, 22 декември 2024

Стрип Центарот на Македонија - Велес отпечати нови стрипови на македонски јазик

Стрип Центарот на Македонија - Велес отпечати нови стрипови на македонски јазик

Велес,11 јули 2024 (МИА) - Како дел од Годишната програма на Министерството за култура - Сектор издаваштво, Стрип центар на Македонија со седиште во Велес ги публикува следните изданија: Стрип списание „Креатор“ бр 35 и 36, „Илинден 903-Борбата на Слива“ од Миле Топуз, „Историски стрипови“ од Коле Манев, „Кико и Веки во нови авантури“ од Јордан Манасијевски,  стрип книгата „Алманах “ од група автори, како и „Волшебни квадратчиња“ - превод на македонски од младата  Ања Тановиќ од Нови Сад, Србија.

- Изградбата на македонска национална стрип култура преферира поддршка и афирмација на  македонски стрип автори. Ако се изземат учеството на стрип автори од други држави во ревијата „Креатор“ (којашто традиционално ги објавува најдобрите дела од традиционалниот стрип конкурс) потоа  изданието на нивната  пријателка Ања Тановиќ (кадешто сценарист на повеќе стрипови е Ване Трајков) тогаш стрип книгите на доајените Миле Топуз, Коле Манев и Јордан Манасијевски претставуваат заслужена сатисфакција во нивниот повеќегодишен труд, потенцира Томе Трајков - програм координатор на СЦМ-Велес.

Тука е и македонската стрип иднина како што се авторите: Илко Стојановски, Славица Купенкова, Евгенија Трајковска, Ѓурѓица Варела, Сибел Исмаилова, Анита Гочева, Оливер Цветковски, Мартина Величковска, Ѓунај Абдулов, Тамара Мишовска, Дарко Бојовски... 

Томе Трајков, исто така, нагласува дека не помало значење претставува сочувувањето и афирмацијата на македонскиот јазик.

-За жал, морам да констатирам дека   во некои кругови,  афирмацијата на стрип изданија на македонски јазик  се доведува во прашање, потенцира Трајков. ад/

Фото: Стрип центар на Македонија

 

Остани поврзан