• понеделник, 23 декември 2024

Стојаноски: Владата двојно го зголеми данокот на производи кои секојдневно граѓаните ги купуваат 

Стојаноски: Владата двојно го зголеми данокот на производи кои секојдневно граѓаните ги купуваат 

Скопје, 9 октомври 2023

 

Почитувани,

Владата предводена од ДУИ и СДСМ нема намера да се откаже од покачувањето на ДДВ за илјадници прехранбени производи. За потсетување, министрите пред речиси 2 недели одлучија двојно да се зголеми данокот за кашкавалот, урдата, цвеклото, лутеницата, фефероните, сладоледот, чајот и други производи од секојдневието на секој еден од нас. Ова ли се тие луксузни производи?

Премиерот ги навредува граѓаните велејќи им дека шират паника, наместо да се радуваат што данокот бил повластени 10%, а не 18%. Каква навреда за интелигенцијата на народот.
Не постои друга држава во Европа, а веројатно и во светот, што во време на ваква инфлација се одлучува дополнително да ги покачи цените на прехранбените производи со цел да прибере повеќе данок.
Даночната реформа на СДСМ и ДУИ е всушност арач за граѓаните и стопанството.

Почитувани,
Власта на ДУИ и СДСМ зголемува даночен товар за да земат што повеќе пари за да може да ги поделат на своите фирми. Со вашите пари ќе се платат тендерите за ископ на јаглен, со вашите пари ќе работат подизведувачи на автопат за кој нема проект, со вашите пари ќе се организираат настани организирани од Еуровиа, со вашите пари ќе се плати за учебниците што доцнат, а ги печати Арберија дизајн, со вашите пари Пиксел ќе инсталира фотоволтаици и безброј други примери на сомнителни и коруптивни зделки во секој сегмент.
Во следните неколку месеци со оваа власт ќе биде тешко, ќе прават притисоци, ќе крадат, ќе се корумпираат, ќе зголемуваат давачки, ќе се луксузираат, ќе бидат арогантни, ќе амнестираат.
Се чуствуваат промените, а тоа го знаат и на Илинденска број 2. Преостануваат уште неколку месеци до падот на оваа власт, тие се исплашени, се одмаздуваат на секој начин затоа што никој не им верува, им се стеснува кругот и доаѓа денот кога ќе се соочат со гласот на народот.

Важно е да издржиме сите заедно против таа мала група неспособни клептомани. Важно е да се соочат со одговорност и казна за секоја неправда која секојдневно ја нанесуваат.
Важно е листата на прехранбени производи со 10% ДДВ веднаш да биде корегирана.
Важно е да има промени затоа што вака веќе не може.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Интегрален текст од прес конференција

Говорник: Бојан Стојаноски, пратеник

Фото:ВМРО - ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан