• недела, 22 декември 2024

Стојаноска: Изборот е Силјановска Давкова, Македонија повторно да биде горда

Стојаноска: Изборот е Силјановска Давкова, Македонија повторно да биде горда

Скопје, 11 април 2024

Денес од Тетово сакам да поставам две прашања кои се однесуваат на се уште актуелниот претседател Пендаровски.

Дали некој се сеќава дека излезе со некаков став или изјава по однос на модуларната болница и пожарот кој одзеде 14 животи на тетовчани?

Или некој пак памети дали Стево Пендаровски освен што се сликаше со малиот генијалец од Тетово, Македон Димитриески нешто после тоа презеде?

Тоа е доказ дека Стево Пендаровски беше претседател кој имаше само слика, а без глас. За разлика од него, неговата противкандидатка профеорката Гордана Силјановска Давкова е жена која има став и жена чиј глас со будно внимание се слуша насекаде низ светот.

Токму затоа сме денеска пред споменикот на „Жената борец“ во Тетово, затоа што тоа е симбол дека Гордана Силјановска Давкова е жена борец и тетовчани знаат кој е изборот на следните претседателски и парламентарни избори. Изборот е јасен, изборот е бројот 2 за Македонија повторно да биде горда.


 Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан