• недела, 22 декември 2024

Стотина планинари се искачија на највисокиот врв на Осоговските Планини, Руен

Стотина планинари се искачија на највисокиот врв на Осоговските Планини, Руен

Крива Паланка, 18 септември 2023 (МИА) – Стотина планинари од шест планинарски клубови од државата учествуваа на деветтата, традиционална акција за искачување на највисокиот врв на Осоговските Планини, Руен, на 2251 метри надморска височина, што ја организира Здружението планинарско-спортски клуб „Калин Камен“, Крива Паланка.

- Акцијата беше една од најмасовните годинава во организација на нашиот клуб. Учествуваа околу 100 планинари од шест клубови, наши соработници и пријатели од повеќе градови: ЗПЗП „Козјак 2013“, Куманово, ПСК „Сосема“, Берово, СПД „Пробиштип“, ПК „Скопска Црна Гора ", Скопје, ПСК „Осогово ", Кочани и ПК „Куманово". Стартот на патеката беше рудник Тораница преку, Сокол до врв Руен. Патеката е 9 километри во еден правец и 900 метри надморска разлика, информира Алена Милковска, претседател на ЗПСК „Калин Камен“.

Таа упати благодарност до сите учесници што ја збогатија акцијата и ја направија успешна.

Следната акција ќе биде искачување на врв Вихрен во Бугарија, а во октомври следува и комитска патека, искачување на врв Лисец. ид/ир

 

Фото: МИА

Остани поврзан