• понеделник, 23 декември 2024

Столтенберг: Хибридните закани се се поголема опасност

Столтенберг: Хибридните закани се се поголема опасност
Брисел, 11 февруари 2020 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека хибридните закани се повеќе стануваат опасност, додавајќи оти во ноември минатата година во Црна Гора престојувале контрахибридни тимови на Алијансата. Тој истакна дека тимовите престојувале во Црна Гора на барање на Владата во Подгорица и дека на Самитот на НАТО во 2018 година се формирале тимови за поддршка во борба против хибридните закани. - Се договоривме да помогнеме на сојузниците да се справат со хибридните закани, затоа што видовме дека тие стануваат реалност за се поголем број НАТО сојузници, посочи Столтенберг. ки/ми/

Остани поврзан