Столтенберг ќе претседава со Минхенската конференција за безбедност
- Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе го наследи германскиот дипломат Кристоф Хојсген на функцијата претседател на Минхенската конференција за безбедност во февруари 2025 година.
Брисел, 8 октомври 2024 (МИА) - Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе го наследи германскиот дипломат Кристоф Хојсген на функцијата претседател на Минхенската конференција за безбедност во февруари 2025 година.
Оваа информација беше објавена денеска во соопштение од Минхенската конференција за безбедност.
Столтенберг ќе ја преземе новата улога по 61-то издание на конференцијата, која ќе се одржи во јужниот германски град од 14 до 16 февруари. ссм/
фото: архива