• недела, 22 декември 2024

Столтенберг со остра осуда за руските ракетни напади врз Украина

Столтенберг со остра осуда за руските ракетни напади врз Украина

Вашингтон, 9 јули 2024 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг остро ги осуди руските ракетни напади врз Украина, кои предизвикаа бројни жртви меѓу цивилното население, вклучително и деца.

-Русија ја продолжува својата брутална војна во Украина. Штотуку видовме страшни ракетни напади врз украински градови во кои беа убиени невини цивили, вклучително и деца. Ги осудувам овие страшни напади, изјави синоќа Столтенберг пред состанокот со американскиот министер за одбрана Лојд Остин во Вашингтон.

Тој најави дека за време на самитот на НАТО што почнува денеска во Вашингтон, ќе бидат донесени одлуки за натамошно зајакнување на помошта за Украина, објавено е на веб-страницата на Пентагон.

Тој додаде дека на Самитот на НАТО во Вашингтон ќе бидат присутни лидерите на азиско-пацифичките партнери - Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Јужна Кореја.

-Тоа покажува дека нашата безбедност не е регионална, нашата безбедност е глобална, рече Столтенберг.

Русија вчера изврши масовен ракетен напад врз Украина, а украинските власти соопштија дека во тие напади загинале најмалку 41 лице, а 166 се ранети. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан