• понеделник, 07 октомври 2024

Столтенберг: Кина да престане да ја поддржува Русија

Столтенберг: Кина да престане да ја поддржува Русија

Брисел, 6 септември 2024 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ја повика Кина да престане да ја поддржува Русија во војната во Украина.

- Кина стана одлучувачки поддржувач на руската војна против Украина. Ја повикувам Кина да престане да ја поддржува илегалната војна на Русија, истакна Столтенберг.

Тој додаде дека Кина овозможува производство на голем дел од оружјето што го користи Русија.

Столтенберг го предупреди Пекинг дека континуираната ескалација на војната во Украина може негативно да влијае на интересите и угледот на Кина. ми/

фото: МИА архива

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан