• среда, 08 мај 2024

Столтенберг го поздрави одобрувањето од страна на турскиот парламентарен комитет на кандидатурата на Шведска за пристап во НАТО

Столтенберг го поздрави одобрувањето од страна на турскиот парламентарен комитет на кандидатурата на Шведска за пристап во НАТО

Брисел, 26 декември 2023 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска го поздрави одобрувањето од страна на Комитетот за надворешни работи на турскиот парламент за пристапување на Шведска во Северноатлантската алијанса, чекор што го отвора патот за формално прифаќање на земјата во пактот.

Турција беше последната земја-членка на НАТО, заедно со Унгарија, која го блокираше патот на Шведска кон членство во пактот.

-Верувам дека (овие две земји) ќе ги завршат процедурите за ратификација на пристапот на Шведска што е можно побрзо, што ќе го направи НАТО посилен, рече Столтенберг во изјавата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан