• понеделник, 23 декември 2024

Стоковата размена со странство во јануари 1 350.8 милиони евра, извозот со пад од 11,4 проценти

Стоковата размена со странство во јануари 1 350.8 милиони евра, извозот со пад од 11,4 проценти

Скопје, 7 март 2024 (МИА) - Вкупниот обем на надворешна трговија на државава во јануари годинава изнесува 1 350.8 милиони евра евра. Извозот на стоки во јануари годинава е во вредност од 550.6 милиони евра и бележи пад од 11,4  проценти во однос на јануари лани. Вредноста на увeзената стока, пак, е 800.2 милиони евра, што е за 5,8 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Како што објави денеска Државниот завод за сттаистика, трговскиот дефицит, во јануари годинава  изнесува 249.6 милиони евра.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и други катализатори на носачи.

Во увозот, пак, најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во јануари година најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија. лв/нд/

Остани поврзан