• петок, 05 декември 2025

Стипендија за Лора Стевановска од „Бизнис академија Смилевски“-БАС

Стипендија за Лора Стевановска од „Бизнис академија Смилевски“-БАС

Битола, 6 април 2025 (МИА) - Менаџментот на „Бизнис академија Смилевски“ (БАС)-Скопје, додели целосна стипендија за прв и втор циклус студии на Лора Стевановска од Штип, ќерка на Филип Стевановски кој неодамна трагично го загуби својот живот во пожарот во Кочани.

Стипендијата за внуката Лора беше доделена на нејзниот дедо Марјан Стевановски, поранешен соработник во БАС-Скопје и Битола, воедно татко на Филип, кој како што е познато беше член на групата ДНК и директор на НУ Центар за кутура „Ацо Шопов“ во Штип.

-Стипендијата на мојата внука Лора ќе и помогне во нејзиниот академски пат во иднина, и тоа не е само финансиска поддршка туку и симбол на почит, доверба и наследство што ќе продолжи да живее. Оваа стипендија за  мојата внука Лора носи длабока симболика и значење за моето семејство. Мојот син Филип Стевановски беше човек што веруваше во знаењето, во упорноста и во тоа дека образованието е најсилното наследство што може да се остави на идните генерации. За жал, животот на Филип му беше одземен прерано, но неговиот дух живее со Лора, во нејзината љубопитност, во нејзината посветеност, во нејзината надареност и талент, истакна професорот Марјан Стевановски за време на приемот на стипендијата од БАС-Скопје за неговата внука Лора Стевановска.

Според востановената традиција, на денот на роденденот на основачот на „Бизнис академија Смилевски“, универзитетскиот професор Цветко Смилевски, во салата на битолскиот театар се одржа свечено доделување на дипломите за студентие кои дипломираа на насоките Бизнис менаџмент и Стратегиски менаџмент, а посебни благодарници беа доделени на партнерски организации и истакнати ментори вклучени во наставениот процес на Академијата. мт/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан