• недела, 07 јули 2024

Стејт департмент: Евакуациите во Источна Украина се „цинична употреба“ на луѓе од страна на Москва

Стејт департмент: Евакуациите во Источна Украина се „цинична употреба“ на луѓе од страна на Москва

Минхен, 18 февруари 2022 (МИА) - Американските власти денеска нагласија дека евакуацијата на цивилите од страна на бунтовниците поддржани од Русија во источна Украина е „циничен“ потег на Москва да се оттргне од она што Западот се плаши дека е неизбежна инвазија.

„Објави како овие се дополнителни обиди да се прикрие преку лаги и дезинформации дека Русија е агресор во овој конфликт“, изјави портпаролот на Стејт департментот на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Тој додаде дека „исто така, цинично и сурово е да се користат луѓе како пиони за да се одвлече вниманието на светот од фактот дека Русија ги зголемува своите сили во подготовка за напад“. паг/

Остани поврзан