• недела, 26 мај 2024

Стејт департмент: Блинкен разговараше со Ганц, САД повикаа на „што е можно повеќе смиреност“

Стејт департмент: Блинкен разговараше со Ганц, САД повикаа на „што е можно повеќе смиреност“

Вашингтон, 16 април 2024 (МИА) – Американскиот државен секретар Антони Блинкен вчера разговараше со министерот во израелскиот воен кабинет Бени Ганц во врска со тековните тензии меѓу Израел и Иран, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Блинкен ја повтори американската поддршка за безбедноста на Израел заедно со желбата на Вашингтон да не види регионална ескалација, вели Милер.

Администрацијата на американскиот претседател Бајден избегнува јавно да му каже на Израел да не возвраќа по иранскиот напад минатиот викенд, но приватно го повикува Израел да се погрижи неговиот одговор да не предизвика регионална војна, според официјални лица запознаени со ова прашање.

Блинкен разговарал за ова прашање и со премиерот на Катар, информира Милер.

- Сè додека трае војната во Газа, нема да се вратиме на местото каде што бевме пред 7 октомври. Тоа е тековен процес на обид за намалување на тензиите во регионот и обид за одржување колку што е можно повеќе смиреност, знаејќи дека постои тековен конфликт што ги влоши тензиите во Израел и во регионот, рече Милер. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан