• петок, 22 ноември 2024

Стефан Јанев предизвика политичка бура во Бугарија

Стефан Јанев предизвика политичка бура во Бугарија
2 март 2022 Политико Бугарскиот премиер Кирил Петков побара ослободување на министерот за одбрана, поради „мекиот став“ околу војната, што рускиот претседател, Владимир Путин, ја започна во Украина. Политичкиот спор ја става Софија како клучна линија на влијанието на Москва во ЕУ. Министерот за одбрана, Стефан Јанев, поранешен бригаден генерал, предизвика политичка бура со изјавата дека, руската инвазија на Украина, не е војна, туку „операција“. За најскандалозна се смета објавата на Јанев на Фејсбук, каде што министерот тврди, дека нема потреба Бугарија - членка и на ЕУ, како и на НАТО - да зазема „проруска, проамериканска или проевропска позиција“. „Нашата напатена татковина не заслужува да биде жртвувана во играта на големите сили“, напиша Јанев. Петков изјави дека „ниту еден министер нема право на сопствена надворешна политика, особено на Фејсбук“. Во текот на вчерашниот ден се гласаше за оставка во Парламентот. - Кога ќе се забележи нешто, со што не сме согласни, не може да се каже, дека во бугарски интерес е да се молчи, додаде Петков. Забелешките на Јанев ја оживуваат долгогодишната загриженост, дека Бугарија е „мек дел“ од ЕУ, каде што Кремљ може да ги спроведува својата политика и своите каузи. Врските со Русија се длабоки, особено преку подземниот свет на земјата, исткаени од мрежа на олигарси и поранешни агенти на државната безбедност, кои контролираат значајни трговски интереси. На политички план, про-Кремљ врски постојат во целиот политички спектар. Бугарската социјалистичка партија, родена од старата комунистичка партија, одби да гласа за санкциите против Русија. Поранешниот премиер Бојко Борисов, кој доминираше во политиката во земјата повеќе од една деценија, до минатата година, се дефинираше како проевропеец. Но, тој беше и многу близок со Путин, па дури му подари и домашно милениче од расата каракачанско овчарско куче. Неконтролираната руска пропаганда е проблем и во Бугарија, а вообичаено е и Бугарите да го повторуваат рускиот став, дека претседателот на САД, Џо Бајден, ја испровоцирал војната во Украина, бидејќи не ги исполнил барањата на Путин. Коментарите на социјалните мрежи се полни со теории на заговор и проруски тролови. Бугарија има големо етничко малцинство во јужна Украина -  Бесарабски Бугари, кои датираат од 18 и 19 век. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан