Стефаноска: Инвестирање и посветено работење за развој на туристичката понуда
- Земјава ќе мора да инвестира и посветено да работи за да се етаблира како бренд - идентитет дестинација, што е од круцијално значење, но и основа за туристичка промоција. Тоа денеска од Охрид го посочи директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на Туризмот Билјана Стефаноска по повод одбележувањето на Светскиот ден на туризмот. .
Охрид, 27 септември 2024 (МИА) - Последните години туризмот во нашата земја бележи позитивен тренд со раст на туристичкиот промет, но растот не значи и развој. Земјава ќе мора да инвестира и посветено да работи за да се етаблира како бренд - идентитет дестинација, што е од круцијално значење, но и основа за туристичка промоција. Тоа денеска од Охрид го посочи директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на Туризмот Билјана Стефаноска по повод одбележувањето на Светскиот ден на туризмот. .
Стефаноска истакна дека нејзина желба, но и мотивираност за работата во создавање конкурентна туристичка дестинација.
- Туризмот може да игра витална улога како катализатор за поттикнување мир и разбитрање меѓу народите и културите и во поддршката на процесите на помирување. Туризмот е јасно поврзан со социјалната правда, човековите права, економската еднаквост, одржлив развој и широка демократија со способност за ненасилни решавања конфликти. Туризмот обезбедува плодна почва за иновации и приемништво, рече таа.
Стефаноска нагласи дека поддршката на претприемачките иницијативи во туризмот може да доведе до одржлив развој и создавање платформи за иновативни стратегии за градење мир.
- Иднината на туризмот е во рацете на младите. Со инвестирање во нив, во обезбедување образование и можност за обука, како и поттикнување нивно учество во туристичкиот сектор, младите можат да го искористат својот потенцијал да поттикнат општествени промени и да промовираат мир. Светскиот ден на туризмот оваа година има за цел да истражи како патувањата, културната размена и одржливите туристички практики можат да придонесат за помирување и промовирање мир во светот, истакна Стефаноска.
Според неа, покрај постоечките и веќе етаблирани пазари, треба да определат нови насоки во развојот. Голема улога, како што нагласи, имаат директните авио-поврзувања на земјава со светот. Прво, подвлече, на што треба да се работи е изработка на национална стратегија за развој. аб/сс/
фото/МИА