• понеделник, 08 јули 2024

Статуата на Брус Ли во БиХ осамна со маска и ракавици

Статуата на Брус Ли во БиХ осамна со маска и ракавици
Мостар, 10 април 2020 (МИА) - Статуата на Брус Ли во Мостар, Босна и Херцеговина, осамна опремена со заштитна маска и ракавици... Инстраграм-страницата посветена на овој мајстор за боречки вештини наведува дека на тој начин, тој повторно станал симбол на борбата, овојпат против коронавирусот. Ќерката на Брус - Шенон Ли пак, се потсети на неговата изрека: „Добриот борач никогаш не е гневен, туку подготвен“. - ...Како што и оваа статуа на Брус Ли, која е опремена со соодветна опрема за Ковид-19. Сега го направија и пример за борбата против коронавирусот, додава таа.  си/

Остани поврзан