• среда, 03 јули 2024

Стартува Светското првенство во забрзан и брзопотезен шах

Стартува Светското првенство во забрзан и брзопотезен шах

Самарканд, 25 декември 2023 (МИА) – Во узбекистанскиот град Самарканд, познат и по тоа што во него се пронајдени најстарите шаховски фигури во светот кои датираат од 6-8 век од новата ера, од утре до 30 декември ќе се одржат светските првенства во машка и женска конкуренција во двете најатрактивни дисциплини – забрзан (рапид) и брзопотезен (блиц) шах.

За настап се пријавени повеќе од 330 најдобри светски шахисти и шахистки, кои ќе се натпреваруваат за награден фонд од еден милион долари. Право на настап имаат играчи со рејтинг од најмалку 2.550 поени, во машка, и 2,250 поени во женска конкуренција. Македонскиот шах, за жал, нема свои претставници во Самарканд.

Најзвучното име во машка конкуренција е поранешниот светски првак Магнус Карлсен, кој ги брани титулите во рапид и блиц шах освоени лани.

Во конкуренција на шахистките, титулата во рапид шах ја брани Тан Жонгју, а во блиц шах Бибисара Асаубајева. ег/мс/

ФОТО: „Х“

Тагови

Остани поврзан