• четврток, 21 ноември 2024

Старо Нагоричане одвои по три илјади денари за првачињата

Старо Нагоричане одвои по три илјади денари за првачињата

Куманово, 10 септември 2024 (МИА) - Општина Старо Нагоричане одвои по три илјади денари за првоодделенците кои тргнаа на училиште во оваа учебна година, соопштија денеска надлежните од општината.

- До крајот на неделава очекуваме целосно да заврши исплатата на паричните средства. Како доаѓаат родителите со потребната документација, така се исплаќа и помошта. И лани и годинава ги поддржуваме учениците, изјави заменик-градоначалникот на општината, Бобан Цветановски.

На подрачјето на општина Старо Нагоричане има три основни училишта, „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане, „Христијан Карпош“ во Младо Нагоричане и „Христијан Тодоровски - Карпош“ во село Драгоманце, каде функционира и ученички дом.

Во прво одделение во оваа учебна година во руралната општина запишани се 21 ученик, од прво до петто одделение, а  во трите училишта има околу 270 ученика. ам/мд/


Фото: МИА архива

Остани поврзан